Top Sport

Игуаин не сакаше да шутира пенал, Челси со лесна победа против Венсдеј (видео)

Гонзало Игуаин го доби дебито за својот нов клуб, Челси, откако беше стартер во мечот од четвртото коло на ФА купот против второлигашот Шефилд венсдеј, но не успеа да се запише во листата на стрелците при 3:0 победата.

Игуаин дојде кај својот ментор Маурицио Сари по само шест месеци во тимот на Милан, и веднаш ја доби довербата од италијанскиот стручњак.

„Сините“ дојдоа во водство преку Вилијан од удар од белата точка во 26. минута, само една минута откако ВАР системот беше искористен да се поништи пенал за противникот. Бразилецот му понуди на Игуаин да го изведе пеналот, но Аргентинецот реши да почека некоја друга шанса.

Калам Хадсон-Одои, за кој се шпекулира дека е на пат за Баерн Минхен го постигна вториот гол во 64. минута, а победата ја потврди повторно Вилијан во 84. минута.

Scroll to Top