Top Sport

Лига 1: Ним со неверојатен кам-бек во француската Лига 1 (видео)

Вечерните натпревари од француската Лига 1 донесоа неколку изненадувачки резултати, како триумфот на Ним од 4:3 на гости кај Анжер, но и победата на Ремс на гостувањето кај Ница.

Ним Олимпик своето враќање во елитата го заврши со фантастична победа од 4:3 кај Анжер постигната со играч  помалку. Ним е првпат во Лига 1 од 1993 година, и веднаш дојдоа во водство уште во петтата минута преку Сада Тиуб. Анжер врати преку Пјерик Капел во 33. минута, за во 52. минута да дојдат во водство преку Бернардони, а само четири минути подоцна беше 3:1 преку Траоре.

Гостите намалија во 77. минута преку Депре, пред да останат со 10 фудбалери на теренот по црвениот картон на Флоријан Мигуел. И покрај ова новаците со неверојатен финиш стигнаа до трите поени – Рипар во 86. минута израмни, а Депре го постигна победничкиот гол.

Ница на „Алијанц ривиера“ доживеа шок од Рен, кои победија благодарение на голот на Муса Думбија уште во петтата минута, додека Сент-Етјен сезоната ја стартуваше со 2:1 победа над Генгам.

ЛИГА 1, 1.КОЛО

Анжер – Ним 3:4

Лил – Рен 3:1

Монпелје – Дижон 1:2

Ница – Ремс 0:1

Сент Етјен – Генгам 2:1






Scroll to Top