Top Sport

Саудијците со „луди“ понуди и за Илкај Гундоган и за Н’Голо Канте

Челниците на Ал-Наср му ветиле на Кристијано Роналдо дека за следната сезона ќе направат многу подобар тим кој ќе се бори за шампионската титула во Саудиска Арабија. Тие се обидуваат да го засилат тимот со Илкај Гундоган и со Н’Голо Канте.

Германскиот интернационалец ќе биде слободен агент ова лето, а има најави дека Манчестер Сити ќе се обиде да го задржи барем уште една сезона. Но, ќе добие и огромна понуда од Ал-Нас вредна 100 милиони евра.

Идентични услови ќе му бидат понудени на Н’Голо Канте, кој сѐ уште е фудбалер на Челси, но оваа сезона одигра многу малку натпревари поради повреди.

Scroll to Top