Top Sport

Тен Хаг: Ние сме Ајакс, не е важно против кого играме

Фудбалерите на Ајакс вечерва, во Мадрид, му гостуваат на Реал во осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите. Реал има предност по првиот меч 2:1, но тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг рекол дека победникот во овој се уште не е решен.

„Нашата цел во секој натпревар е иста, да постигнуваме голови. Ние сме Ајакс, не ни е важно против кого ќе играме. Секогаш се обидуваме да доминираме, да постигнуваме голови и да победуваме“, рекол Хаг и дополнил.

„Серхио Рамос нема да игра, нема да може да им помогне на Реал, а тој е вистинскиот лидер на теренот, столб во одбраната. Сугурен сум дека за Реал тоа ќе претставува проблем на тактички и психолошки план“.

Натпреварот во Мадрид ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top