Top Sport

Икарди се враќа во првиот тим на Интер, ќе носи број 7! (ОБНОВЕНО)

Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара тврди дека аргентинскиот напаѓач ќе остане фудбалер на Интер, откако потврди дека денеска тој се враќа на тренинзи со „нераѕурите“.

Шпекулациите околу иднината на Икарди беа присутни цело лето по доаѓањето на Антонио Конте на клупата на клубот од Милано, но неговата желба да се пресели само во Јувентус а не во друг беше преголема пречка за клубот. Нара, пак, со фотографија од забавата на 22. роденден на соиграчот и сонародникот на Икарди, Лаутаро Мартинез јасно напиша: „Уште една година заедно“.

„Спорт медијасет“ и „Скај спорт Италија“ тврдат дека напаѓачот е повикан да се приклучи на тренинзите на тимот откако 26-годишниот Аргентинец беше „прогонет“ сам да тренира во текот на летото.

Ова подоцна го потврдија и од Интер, кои го објавија составот за новата сезона и потврдија дека Икарди ќе го носи бројот 7.

Scroll to Top