Top Sport

Силва со ултиматум за ѕвездите на Евертон: Мина и Ришарлисон мора да научат англиски

Двајцата фудбалери на Евертон од Јужна Америка, Јери Мина и Ришарлисон мораат да го подобрат своето познавање на англискиот јазик за да можат да бидат клучни играчи на клубот од Ливерпул, побара нивниот менаџер Марко Силва.

Силва, инаку Португалец, вели дека зборувањето на англиски јазик е приоритет на клубот од неговото доаѓање во 2018 година, за да се избегне формирање на „групи“ според матичниот јазик. Самиот поранешен тренер на Хал призна дека земал лекции по англиски.

„Ришарлисон не е толку добар како што треба, но се труди. Мина исто така. Потребно е малку да се ангажираат и да го научат јазикот. Тоа е јасно барање од нас до нив за да може да се адаптираат на клубот и да сфатат што се случува околу нив секој ден. Не само на теренот, туку и во нормалниот живот. Моисе Кин? Тој разбира повеќе англиски од двајцата“, изјави Силва.

Scroll to Top