Top Sport

Ремзи ќе почека за деби за Јувентус

Јувентус го објави 23-члениот состав за мечот од првото коло во Серија А против Парма, но на него изненадувачки ги нема Арон Ремзи и Даниеле Ругани.

Велшанецот Ремзи, кој замина од Арсенал како слободен агент во италијанскиот шампион, нема да патува со тимот во Емилија-Ромања исто како Ругани, кој се очекува да биде продаден, додека свое деби ќе има поранешниот капитен на Ајакс, Матијс де Лихт.

28-годишниот Ремзи веќе играше за „бјанконерите“ во пред-сезоната, играјќи во последните 20 минути од 1:0 победата над Триестина. Ова беше негов прв меч од април по повредата на бутниот мускул. Од мечот ќе отсуствува и тренерот Маурицио Сари, кој има пневмонија.

Покрај Де Лихт, во составот се уште три нови засилувања – Адриен Рабио, Данило и Мерих Демирал, како и повратникот Џанлуиџи Буфон по враќањето од ПСЖ.

Scroll to Top