Top Sport

Интер го договориле трансферот на Видал

Интер и Антонио Конте размислуваат за засилувања во јануарскиот преоден рок. Конте побарал нови играчи во редот за врска и нападот.

Артуро Видал би можел да биде првото зимско засилување за Интер. „Кориере дела Сера“ пишува дека директорот на Интер, Пјеро Аурелио, изминатите денови бил во Барселона, каде преговарал околу трансферот на Чилеанецот.

Според овој извор, Видал би заминал на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч, а Интер би имале право по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор. Конте добро ги познава квалитетите на Видал. Овие двајца во минатото имаа успешна соработка во Јувентус.

Барселона пак покажувале интерес за Лаутаро Мартинез. Аргентинецот бил означен како наследник на Луис Суарез, меѓутоа Интер нема намера да се откаже од својот напаѓач.

Scroll to Top