Top Sport

Поп, Дирк, Вејд, Пау, Тони… номинирани за влез во Куќата на славните

Секоја година нова „класа“ влегува во Кошаркарската куќа на славните („Спомен-куќата на славните на Нејсмит“), но се чини дека класата 2023 ќе биде навистина посебна.

На Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити, беа објавени номинациите од САД и Канада.

Финалистите ќе бидат објавени за време на фајналфорот на НЦАА, кој ќе се одржи во април.

Меѓу кандидатите се суперѕвездите од поновата историја на НБА: Дирк Новицки, Пау Гасол, Двејн Вејд и Тони Паркер, како и, според некои, најдобриот кошаркарски тренер на сите времиња, Грег Поповиќ.

Покрај нив, тука се и Беки Хамон, легендарната кошаркарка, која сега успешно работи како тренер, кошаркарката Џенифер Ази, потоа Жан Бес, тренерот со најмногу победи во историјата на американската колеџ кошарка, Гери Блер, легендарен тренер на женски тимови, како и Дејвид Хиксон, Мериен Вашингтон и Џин Киди.

Финалистите мора да добијат најмалку 18 гласови од 24. членови на „Комитетот на славните“, но мали се шансите ѕвезди како Новицки, Гасол, Паркер и други да не добијат таква чест.

„Навистина ми се допаѓа оваа класа. Не се случува толку често некој во првата прилика да стане член на Куќата на славните, а сега имаме голем број на такви кошаркари. Ова ќе биде уникатна генерација“, рече Џери Коланџело, директор на Домот, а своевремено функционер на Феникс Санс и директор на репрезентативната програма на САД.

Играчите мора да бидат пензионирани најмалку четири сезони пред да стекнат право да бидат примени во Куќата на славните.

Останува да видиме кој од играчите надвор од САД ќе бидат предложени во класата 2023 од страна Меѓународен комитет, кој номинира играчи од Европа и остатокот од светот, во кои не се вклучени САД и Канада.

Scroll to Top