Аргентискиот фудбалер Мауро Икарди подготвувал тужба против Интер, пренесуваат италијанските медиуми. Икарди ќе го тужи клубот поради мобинг.
Икарди на ваков чекор се решил бидејќи добил информација дека не се наоѓа во плановите на новиот тренер Антонио Конте за наредната сезона. Конте по секоја цена сака да се ослободи од Аргентинецот, бараем така пишуваат Италијаните.
Икарди немал ништо против да замине од Интер, но само доколку неговата следна дестинација биде Јувентус.
„Ла Република“ објави дека Икарди и неговата сопруга, која е и негов менаџер, Ванда Нара размислувале да го тужат Интер за мобинг, бидејќи добил информација дека ќе тренира сам и дека нема да добие шанса доколку остане во клубот.
Доколку го добие евентуалниот спор со Интер, Икарди би можел да стане слободен играч, што значи дека би заминал од клубот без обесштетување.
Икарди има договор со Интер до јуни 2021 година. Проблемите помеѓу него и клубот настанаа оваа зима кога тој одби да го продолжи договорот, поради што пропушти најголем дел од пролетниот дел од сезоната во Серија А.