Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, ја одбил понудата на англискиот клуб Вулверхемптон да се пресели во Премиерлигата. Аргентинецот не е во плановите на ПСЖ за следната сезона и речиси сигурно ќе го напушти „Паркот на принцовите“ ова лето.
Сепак, Икарди одбил да замине во Англија затоа што неговата сопруга Ванда Нара сака нивното семејство да се врати на Апенините. Со оглед дека таа е и негов фудбалски агент, Ванда Нара води преговори со новиот калчолигаш Монца чиј сопственик е Силвио Берлускони.
Минатата сезона, 29-годишниот Икарди одигра 30 натпревари и постигна само пет гола за ПСЖ во сите натпреварувања.