Поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди реши повторно да го „потцени“ својот поранешен тим, велејќи дека трансферот во Пари Сен-Жермен е огромен чекор напред во неговата кариера.
Аргентинскиот напаѓач замина на позајмица во Париз од Интер пред сезоната 2019/20, по што францускиот тим му даде постојан договор по сезона во која имаше 20 гола во 31 меч. 27-годишниот Икарди, кој беше капитен на Интер пред до минатиот февруари, постигна пет гола во шест меча од ЛШ за да помогне ПСЖ да влезат во четврт-финалето.
„Беше многу важно да направам голем чекор во мојата кариера. Имам 27 години, а поминав многу време во Италија. Сакав да пристигнам во клуб како ПСЖ за да освојувам титули и да играм н највисоко ниво. Тоа беше мотивот, да направам промена и да направам прогрес во кариерата“, вели Икарди.
Икарди помина шест сезони во Интер и две во Сампдорија и си замина од Италија со 121 гол во 219 натпревари.