Top Sport

Икарди се јави со „писмо“: Тие кои ги прават одлуките не го почитуваат Интер

Мауро Икарди, конечно, проговори за својата ситуација во Интер, објавувајќи долга порака на социјалните мрежи посочувајќи дека „не знам дали има почит кон Интер од луѓето кои ги прават одлуките во тимот“.

Икарди пред две недели ја загуби капитенската лента во Интер и оттогаш нема играно, официјално поради повреда на коленото, предизвикувајќи низа шпекулации во Италија од тоа дека има пред-договор со Јувентус, до тоа дека се работи само за тактика за потпишување на новиот договор.

Денеска, тренерот на Интер, Лучано Спалети вети дека веќе нема да зборува за Аргентинецот бидејќи сака да се фокусира на „тие кои се грижат за клубот“, и попладнево на тоа одговори Икарди.

„Вистинската љубов се гледа кога е најтешко. Во такви момент решавав да останам во Интер, со Интер. Кога чувствував дека можев да бидам посилен. Посилен од проблемите со финансискиот фер-плеј, посилен од сите кои ни посакуваа лошо. Во Интер. Со Интер. И секогаш решавав да останам, поради љубовта кон овие бои. Одбивав понуди кои другите фудбалери тешко ги одбиваа. Играв со болка и со солзи, но давав секогаш сè. Во Интер. Со Интер. За љубовта кон ’нераѕурите’, бидејќи има само Интер. Ги научив моите деца дека победите се тешки, но дека ако се прави за Интер не е тешко. Ги почитував фановите, соиграчите, клубот и сите тренери кои дојдоа и си заминаа. Знам каква е љубовта за Интер. Како што велам, сите жртвувања беа поради љубовта кон овие бои. Не знам дали има љубов и почит кон Интер од тие кои ги прават овие одлуки. Многу работи се случуваат во едно семејство, добри и лоши. И поради љубовта, многу се претрпува, но почитта мора да е тука. Тоа се моите вредности, вредностите за кои се борев. Во Интер. Со Интер“, напиша Икарди.

 

View this post on Instagram

 

? #MI9

A post shared by Mauro Icardi – MI9 (@mauroicardi) on

Scroll to Top