Top Sport

Египет има и „мал“ Салах! (видео)

Мохамед Салах не за џабе се нарекува „фараон“ на светскиот фудбал, откако огромната популарност во неговата татковина, Египет придонесе на Интернет да се направи „натпреварување“ за тоа кој најдобро ќе го имитира фудбалерот на Ливерпул и неговиот потег од рекламата за „Пепси“, кога тој ја „протнува“ топката низ една обесена гума.

Едно момче, кое засега останува анонимно, го направи тоа совршено, копирајќи го потегот на сонародникот од рекламата во која Салах и Лео Меси се натпреваруваат со трикови за последната лименка „Пепси“ на една напуштена бензинска станица.

Салах и Меси се „бореа“ за последната лименка „Пепси“ (видео)

Scroll to Top