Top Sport

На Федерер му „лежи“ пустинскиот воздух – 50-та победа во Дубаи!

Роџер Федерер е на само три победи од својата 100. титула во кариерата, откако со по двете кола во три сета, со 7:6(6)/6:4 го победи Унгарецот Мартон Фучович во четврт-финалето на Дубаи шампионатот, турнир каде што веќе има седум титули.

Ова беше само втор меѓусебен дуел меѓу Федерер и Унгарецот, откако Швајцарецот го победи на Австралија опен во јануари. Следен за Федерер е подобриот од дуелот помеѓу Хрватот Борна Чориќ и Грузиецот Николоз Басилашвили.

37-годишниот освојувач на 20 гренд слем титули има неверојатни 50 победи на скапиот турнир во Дубаи.

Scroll to Top