Top Sport

Шпaнците го санкционираа судијата за инцидентот со Мората

Фудбалскиот сојуз на Шпанија реши судијата Хавиер Алберола Рохас да не биде ангажиран во 35 коло, во Ла Лига. Претходно беше познато дека Рохас нема да биде делегиран за дуелите од 34 коло кои се играат во наредните три дена, а со одлука на Сојузот ќе одмори уште едно коло.

„Марка“ пишува дека не станува збор за одмор, туку за казна, откако судијата, во саботата, беше актер на еден мал инцидент со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората.

Судијата го допрел Мората по вратот додека разговарал со него. Овој гест лошо го прифати напаѓачот, а и неговиот тренер Диего Симеоне. По завршувањето на натпреварот, Мората, мораа да го тргнат од судијата Рохас.

Многумина гестот на Рохас го протолкуваа како удирање.

Scroll to Top