Пари Сен-Жермен се пласираше во полуфиналето на Францускиот куп, откако Мауро Икарди со својот хет-трик ги предводеше до 5:0 победа над Анжер во нерамноправен меч на „Паркот на принцовите“.
Тој ги „начна“ гостите уште во 9. минута, а во 23. минута беше 2:0 по автоголот на Винсен Мансо. Нејмар во 65. минута зголеми на 3:0, а Икарди три минути подоцна донесе 4:0 водство, за да го комплетира хет-трикот во 90-тата минута.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк