Top Sport

Икер Касилјас е легенда – 20 сезони во Лигата на шампионите

Ветеранот на голот на Порто, Икер Касилјас постави нов рекорд во вторникот, почнувајќи ја својата 20-та сезона од Лигата на шампионите.

Порто одигра 1:1 на гостувањето кај Шалке, а Касилјас беше стартер за својот клуб, со што го помина легендарниот Рајан Гигс, кој играше во 19 сезони во Лигата на шампионите за Манчестер јунајтед. Следен на листата е уште еден фудбалер на „ѓаволите“, Пол Сколс, кој има 17 сезони во елитното европско натпреварување.

37-годишниот Касилјас, играше 16 пати во ЛШ со Реал Мадрид и сега ја почнува четвртата сезона со португалскиот гигант. Поранешниот шпански репрезентативен голман има и три титули од ЛШ во 1999/00, 2001/02 и 2013/14, сите со Реал Мадрид.

Со Порто, Касилјас успеа да ги помине натпреварите по групи последните две сезони, но тимот беше елиминиран во осминафиналето двапати.

Фото: ЕПА

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');