Фудбалерите на Аталанта Јосип Иличиќ влезе во историјата на Лигата на шампионите. Словенецот синоќа одигра брилијантен меч на празната „Месталја“.
Аталанта и во вториот меч ја победи Валенсија. Синоќа на „Месталја“ беше 4:3, сите голови за екипата од Бергамо ги постигна Иличиќ.
Само тројца фудбалери имаат постигнато четири гола на натпревар во нокаут-фазата во Лигата на шампионите. Дава пати тоа му успеало да Лионел Меси, а по еднаш на Марио Гомез и Роберт Левандовски.
Сепак подвигот на Иличиќ е единствен во елитното натпреварување. Тој е првиот играч што постигнал четири гола на натпревар во нокаут-фазата на гостински терен.
Воедно Иличиќ со 32 години и 14 дена стана најстариот фудбалер што успеал да постигне три гола во натпревар од елиминационата фаза.