Top Sport

„Во Милано не одиме, нека не исфрлат од Лига Европа“

Под знак прашалник, поради коронавирусот е одигрувањето на натпреварот помеѓу Интер и Хетафе во рамките на осмина-финалето во Лига Европа. Првиот човек на Хетафе, Анхел Торес, порачал дека клубот нема да отпатува во Милано.

„Баравме алтернативно решение. Не сакаме да одиме во жариштето на коронавирусот, нема потреба од тоа. Баравме помош од Фудбалскиот сојуз на Шпанија натпреварот да биде одложен“, рекол Торес.

„Ако треба да го загубиме дво-мечот, нека биде така. Нема јас да бидам тој човек што ќе го преземе ризикот. УЕФА ни кажаа дека треба да побараме посебна дозвола од владата, ние тоа нема да го направиме“, дополнил првиот човек на Хетафе.

Покрај овој дуел под знак прашалнике и натпреварот Севилја-Рома.

Инаку Здруженијата на професионалните фудбалери на Италија и Шпанија со заедничко соопштение побарале овие натпревари да бидат одложени.

Scroll to Top