Фудбалерите на Аталанта имаа сезона од бајките. Клубот од Бергамо има реални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите, а вечерва против Лацио ќе се борат за трофејот во Купто на Италија.
Еден од најважните играчи во тимот од Бергамо е Словенецот Јосип Иличиќ. Италијаните пишуваат дека 31 годишниот фудбалер игра во животна форма. Сезонава тој има учинок од 12 гола и девет асистенции.
Иличиќ на крајот од сезоната би можел да замине од Аталанта, бидејќи голем интерес за него владеел во Наполи. Како што пишува „Калчомеркато“, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти исклучително ги ценел квалитетите на Иличиќ. Тој сметал дека Словенецот може да ја унапреди играта на Наполи, во нејзиниот офанзивен дел.
Не е позната сумата што Наполи ја понудиле за Иличиќ, но според истиот извор тие во преговорите биле подготвени да го вклучат и Роберто Инглезе, кој сезонава игра како позајмен играч во Парма.