Top Sport

Илиев го продолжил договорот со Арсенал

Дејан Илиев го продолжил договорот со Арсенал до 2020 година. Клубот од Лондон решил да ја искористи опцијата 2+2 согласно договорот што македонскиот голман го потпишал во 2018 година.

Во исто време клубот го врати голманот во Лондон. Илиев изминатиот период бранеше во екипата од Словачка, Серед.

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета треба да реши дали ќе го задржи Ииев во тимот, или тој повторно ќе биде испратен на позајмица.

Илиев е во Арсенал од 2012 година но се уште нема настап за првиот тим, три пати бил резерва во натпреварите во Лига купот и Лига Европа.

Scroll to Top