Top Sport

Бентанкур суспендиран, Недвед и Паратичи парично казнети

Јувентус тешко го поднесоа поразот во Суперкупот од Лацио (3:1). Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија ги соопшти казните за фудбалерот Родриго Бентанкур, односно функционерите Фабио Паратичи и Павел Недвед.

Уругваецот Бентанкур во 94 минута го доби вториот жолт картон, а додека ја напуштал играта со непристојни зборови му се обратил на четвртиот судија. Поради „долгиот јазик“ Бентанкур ќе ги пропушти наредните три натпревари на Јувентус, притив Каљари, Рома и Парма.

Клупските функционери Недвед и Паратичи парично се казнети со по 5.000 евра поради „некоректно однесување“ кон судиите по завршувањето на натпреварот.

Scroll to Top