Top Sport

Нереални сцени! Болниот Михајловиќ се туркаше со сопствен фудбалер (видео)

Болоња на Синиша Михајловиќ стигна до 3:2 победа на гостувањето кај Лече, која и покрај резултатот беше многу поубедлива, но мечот ќе остане запаметена по конфликтот кој за малку ќе се случеше помеѓу српскиот тренер, кој се бори со леукемијата и неговиот фудбалер Гери Мендел.

Пред крајот на првото полувреме, фудбалерот на Лече, Панајотис Тахцидис влезе во конфликт со фудбалерот на Болоња, Мендел, а Михајловиќ се вмеша во обид да ја смири ситуацијата. Меѓутоа, тој потоа се налути и влезе во вербална расправија со Мендел, кого го турна, а фудбалерите на Болоња се вмешаа да ги смират тензиите.

И покрај ова, Михајловиќ го остави Чилеанецот Мендел во игра цел натпревар.

Scroll to Top