Илјадници навивачи на англискиот второлигаш Дерби каунти во неделата излегоа на улици да протестираат за спас на 138 години стариот клуб, кому му се заканува ликвидација по финансиските проблеми.
Дерби, еден од основачите на англсиката Фудбалска лига, е под стечај веќе четири месеци, и управниците потврдија дека мора да се најдат средства за да се „преживее“ февруари. Пред мечот со Бирмингем сити во неделата, над 2.000 навивачи ја предводеа кампањата „Спасете го Дерби каунти“, која маршишра од центарот на градот до стадионот „Прајд парк“. Се очекува над 32.000 навивачи на трибините, најголема посета на Дерби во последните три години.
Оваа недела, Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) се согласи да го продолжи крајниот рок за доказ дека може да се заврши сезоната на четири недели, период во кој ќе мора да се најде нов газда.
Дерби влезе во стечај во септември 2021, откако газдата Мел Морис откри дека поради пандемијата на корона вирусот, клубот загуби над 20 милиони фунти, додавајќи дека тој вложил над 200 милиони фунти во клубот и дека бара купувач од 2019, кога Дерби го загубија плејофот а влез во Премиерлигата од Астон вила. Дерби добија казна од 21 поени за финансиските нерегуларности.
Thousands of Derby fans are marching to Pride Park before their game this afternoon ??#DCFC
pic.twitter.com/bfavFcIRe0— The Second Tier (@secondtierpod) January 30, 2022
@dcfcofficial fans in full voice!! They want to let the world know their club is worth saving. #savederbycounty pic.twitter.com/oINm9m4J05
— axeproductionsuk (@lou_bawden) January 30, 2022