Top Sport

Им пркоси на законите на природата – Хоакин ќе игра уште една сезона

Хоакин Санчез ќе ја започне својата 23. сезона како професионален фудбалер, а вкупно 14. како играч на Бетис, откако пред неколку дена се договори со клуб да игра уште една сезона. Деновиве се очекува договорот да биде официјализиран.

dobivaj vesti na viber

Првата сезона на Хоакин во Бетис беше во 2000/01 во Сегунда.

Хоакин досега одигра 13 сезони во Бетис – шест во првиот мандат и седум во вториот и го носеше дресот со број 17 во текот на неговата кариера во клубот од Севиља.

Освен за Бетис, пет години играше и за Валенсија, а по две во Малага и Фиорентина.

Капитенот на Бетис, кој на 21.јули ќе наполни 41 година, е на пат да ги собори сите рекорди за долговечност и одиграни натпревари во историјата на шпанскиот фудбал.

До денес, Хоакин во кариерата, во клубовите и репрезентацијата, одиграл 939 натпревари. Дресот на националниот тим го носел на 51 натпревар.

Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top