Top Sport

Има ли доказ за расизмот против Нејмар? Во ПСЖ веруваат во тоа

Нејмар може да добие суспензија од седум меча за удирање на Алваро Гонзалез од Марсеј во жустрото дерби во неделата, додека Шпанецот го очекува казна од најмалку 10 меча ако се докажат обвинувањата дека го навредувал Бразилецот на расна основа.

Марсеј првпат од 2011 година го победи ПСЖ (1:0), но мечот падна во сенка на општата тепачка која се случи во судското продолжение, кога пет фудбалери добија црвен картон.

„Видете го расизмот. Затоа го удрив. Единствено жалам што не го удрив идиотот во лице. Лесно е ВАР да ја покаже мојата агресија, а сега сакам да го покажат лицето на расистот кој ме нарече ’мајмунски кучкин син’. Би го сакал тоа“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Двајцата тренери, Томас Тухел (ПСЖ) и Андре Вилаш-Боаш (Марсеј), не сакаа да потврдат дали имало расистички навреди, а самиот Гонзалез објави фотографија со своите црни соиграчи демантирајќи дека е расист.

ПСЖ со соопштение денеска застанаа во одбрана на Бразилецот.

„ПСЖ целосно го поддржува Нејмар Јуниор кој беше жртва на расистички навреди од противнички фудбалер. Клубот ги потсетува сите дека нема простор за расизмо во општеството, во фудбалот и во животот. ПСЖ смета на дисциплинската комисија на Француската лига (ЛФП) целосно да го расветли случајот, а останува достапни за сите потребни мерки“, се вели во соопштението на ПСЖ.

Дел од пријателите на Нејмар го поддржаа на социјалните мрежи. Поранешниот бразилски репрезентативец Фелипе Мело јасно порача: „Браво, штета што не играв против овој ебан расист“.

Дани Алвеш, исто така застана во одбрана на Нејмар.

„Во спортот и животот треба да ги инспирираме луѓето, да ги смениме животите и нема место за тие кои промовираат омраза и расизам. Не биди воден со омраза, мој брату“, напиша Алвеш.

Scroll to Top