Фудбалерот на Лацио Чиро Имобиле официјално е најобриот стрелец во Европа оваа сезона. Единствен кој имаше шанса да го стигне Имобиле беше Кристијано Роналдо, но тој вечерва нема да биде во составо на Јувентус против Рома.
Имобиле во минатото коло, во Серија А, постигна гол со кој на првото место го мина Роберт Левандовски. Роналдо сезоната ќе ја заврши со 31 постигнат гол.
Напаѓачот на Лацио е третиот Италијанец, по Франческо Тоти и Лука Тони, кој ја освоил „Златната копачка“.
Имобиле во последното коло против Наполи ќе се обиде да го урне рекордот од 36 гола во една сезона во Серија кој се наоѓа во сосптвеност на Гонзало Игуаин.