Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле се пофали на социјалните мрежи со раѓањето на своето четврто дете, синот Андреа, истиот ден кога беше потврдено дека има посериозна повреда и ќе паузира барем два месеци.
Напаѓачот и неговата сопруга Џесика веќе имаат две ќерки и еден син.
„Семејството станува поголеемо. Во ден полн емоции, најдобриот подарок ми го даде ти, Џесика, ти си вистинскиот шампион. Добредојде Андреа. Те сакаме“, напиша Имобиле.
Ова е дел од „бејби-бумот“ во Лацио – сопругата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ очекува ќерка, додека Адам Марушиќ на својот 30. роденден неодамна откри дека неговата партнерка исто така очекува девојче.