Top Sport

Имобиле потпиша нов договор со Лацио

Калчолигашот Лацио го продолжи договорот со најдобриот стрелец на тимот Чиро Имобиле. Покрај Имобиле договорот со лацијалите го продолжи и голманот Стракоша.

Чиро Имобиле, кој во Лацио дојде по несупешните епизоди во Борусија Дортмунд и Севилја се врати во Серија А и во досегашните 44 натпревари за Лацио има постигнато 34 гола.

Италијанскиот репрезентативец сезонава игра во одлична форма и веќе има постигнато 15 голови во сите конкуренции.

Имобиле и Стракоша ги продолжија договорите до 2022 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');