Манчестер Сити го прослави новиот шампионски трофеј во Премиер-лигата, но славјето го засени голем инцидент откако неколку домашни навивачи го нападнале голманот на Астон Вила, Робин Олсен.
Инцидентот се случил веднаш по последниот свиреж на судијата, кога стотици фанови влетаа на теренот.
„Манчестер Сити сака искрено да му се извини на голманот на Астон Вила, Робин Олсен, кој беше нападнат по последниот свиреж, откако навивачите влетаа на теренот. Ние како клуб веднаш ќе покренеме истрага и штом ќе ги идентификуваме, неодговорните навивачи ќе бидат казнети со долга забрана за влез на стадионот“, објави Манчестер Сити на својата веб-страница.
Shocking footage has emerged of Aston Villa goalkeeper Robin Olsen being assaulted numerous times whilst leaving the Etihad pitch. pic.twitter.com/yG0XIOAacs
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 22, 2022