Еден човек е тешко повреден во вооружен инцидент што се случи попладнево на улицата „Владимир Комаров 1“ во населбата Аеродром, а неофицијалните информации кажуваат дека се работи за македонскиот фудбалер, Мартин Јанушев, кој играл во екипите на Маџари солидарност, Локомотива и 11 Октомври.
Засега непознат напаѓач влегол во угостителскиот објект „Гет кафе“ и пукал во М.Ј, кој пак веднаш бил пренесен во ГОБ. Полициски екипи се веќе пристигнати на терен и се врши увид на местото на инцидентот. Напаѓачот е во бегство.