Top Sport

Индепендиенте јаосвоија Копа Судамерикана (Видео)

Фудбалерите на Индепендиенте дела Вале од Еквадор ја освоија титулата во Копа Сусдамерикана, пандан на Лига Европа. Во финалето, во Асуснион, Еквадорците го победија Колон од Аргентина со 3:1.

Играчите на Индепендиенте најголемиот дел од работата го завршија во првото полувреме кога постигнаа два гола. Леон постигна гол во 25 минута, набргу потоа поради силен дожд мечот беше во прекин, а откако играчите се вратија на теренот во 42 минута гол постигна и Санчез.

На средина од вториот дел играчите на Колон не реализираа пенал, а гол постигнаа во претпоследната минута преку Оливера. Во шестата минута од судиското надополнување на времето конечниот резултат го постави Дајоме.

Индепендиенте го освоија првиот континентален трофеј, откако во 2016 година беа поразени во финалето на Копа Лбератдорес.

Scroll to Top