Top Sport

Инфантино не се откажува – ФИФА го најави Светското првенство за клубови

Два дена пред финалето на Светското првенство во Катар меѓу Франција и Аргентина, Џани Инфантино, претседател на ФИФА, одржа прес-конференција во Доха. Најважната вест што ја донесе е дека од 2025 година ќе имаме уште едно официјално натпреварување.

Станува збор за Светското клупско првенство, а ќе се одржи во значително поинаков формат од турнирот што досега го носеше тоа име. Ќе учествуваат 32 клуба од сите континенти, кои ќе бидат поделени во осум групи, секој клуб во групата ќе одигра по три натпревари, потоа најдобрите два тима од секоја група ќе продолжат во нокаут-фазата.

Да потсетиме, Мундијалот ќе го промени својот формат, па од 2026 година, кога домаќини ќе бидат Мексико, САД и Канада, ќе се натпреваруваат дури 48 репрезентации, а Инфантино не крие дека би сакал да почне да одржува тоа на секои две години.

На претходното светско клупско првенство настапија шест шампиони од сите континенти и актуелниот шампион на земјата домаќин. Инфантино потврди дека главната причина за проширувањето е привлекување на повеќе спонзори и купувачи на ТВ права, а во план е и женско клупско првенство.

Интересно е што ФИФА оваа идеја ја имаше уште во 2021 година, кога мораше да се откаже поради пандемијата на корона вирусот во Кина, а потоа турнирот беше не беше актуелен поради бунтот на богатите клубови.

Инаку, во пресрет на обраќањето на Инфантино протече информација дека елитните европски клубови одбиле да учествуваат на овој турнир, па дури и инсистирале дека ќе им забранат на своите играчи да играат за националните тимови доколку Инфантино опстојува на оваа идеја. Ним им пречи пообемниот календар и затоа побараа од ФИФА добро да размисли за оваа идеја.

Scroll to Top