Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по бизарната прес-конференција на која ги обвини европските држави дека се дволични кога ги критикуваат домаќините на СП, Катар за човековите права, ја бранеше и одлуката на организаторот да забрани продажба на алкохол на стадионите два дена пред стартот на СП. Да потсетиме, ФИФА ги продаде спонзорските права на „Бадвајзер“ за 80 милиони долари.
„Искрено, ако тоа ви е најголемит проблем, ќе потпишам, ќе одам на плажа и ќе уживам до 18 декември. Секоја одлука е заедничка на Катар и ФИФА и лично мислам дека нема да умрете ако три часа во денот не смеете да пиете пиво“, посочи Инфантино.