Top Sport

Инфантино се заложува за одигрување на нов меч Бразил – Аргентина!

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино вели дека мечот, Бразил-Аргентина кој беше прекинат по само неколку минути игра поради кршење на ковид-протоколите би требало да биде одигран.

Мечот се играше на 5. септември, но беше прекинат по само 7 минути откако бразилските здравствени власти и федералната полиција упаднаа на теренот поради тоа што тројца фудбалери на гостинската селекција ги прекршиле Ковид-протоколите.

„Секогаш е добро мечот да се одлучи на теренот, а не надвор од него. Тоа секогаш не е воможно, имаме правила. Ќе видиме што ќе одлучат дисциплинските тела на ФИФА“ рече Инфантино.

Неколку дена пред споменатиот меч, бразилските власти одредиле карантин за дел од аргентинските фудбалери кои играат во Велика Британија. Против тие играчи е покрената истрага за давање лажни податоци во врска со доаѓањето во земјата.

„Тоа не смее да се случува, неприфатлив е начинот на кој е прекинат натпреварот. Тоа му штети на имиџот на фудбалот“ смета Инфантино.

Scroll to Top