Top Sport

Инфантино уште четири години ќе ја води ФИФА

Џани Инфантино и во наредните четири години ќе ја обавува претседателската функција во ФИФА, бидејќи нема против кандидат.

Инфантино бил единствениот што ги добил неопходните пет номинации, а веќе од претходно беше јасно дека на изборите, што се закажани за 5 јуни, неговата кандидатура ќе ја поддржат најголем дел од членките на ФИФА.

Адвокатот од Швајцарија има 48 години, а претседател на ФИФА стана во февруари 2016 година, кога на функцијата го наследи сонародникот Сеп Блатер.

Во неговиот мандат е донесена одлуката на Светското првенство во 2026 година, чии домаќини ќе бодат САД, Канада и Мексико, да учествуваат 48 репрезентации.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');