Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Андрес Иниеста веќе некое време се наоѓа во фаза кога може во секој миг да стави крај на богатата фудбалска кариера. Има полни 37 години, а кога пред 3 години си замина од редовите на Барселона, оттогаш е во редовите на јапонски Висел Кобе.
Шпанецот со актуелниот тим има договор до 2024 година се уште воодушевува со своите партии.
Иако Висел Кобе на последниот меч против Јокохама загуби со 2-0 на домашен терен, сепак Иниеста се најде во центарот на вниманието поради серијата дриблинзи.