Top Sport

Центарот Валанчиунас погоди 7/7 за тројка, бараа да му направат тест на дрога

Литванскиот кошаркарски центар – Јонас Валанчиунас се чини го одигра мечот на кариерата, ноќеска со неговите Њу Орлеанс Пеликанс против ЛА Клиперс. Тој мечот го заврши со 39 поени, а Пеликаните славеа со 123-104.

Она што привлече најголемо внимание е неговиот шут за три поени. Во првото полувреме центарот за само 16 минути игра уфрли 7 тројки од исто толку обиди.

Валанчиунас имаше и 15 скока. Тој е само шестиот играч во историјата на НБА лигата кој успеал да погоди 7 тројки без промашување, за едно полувреме. Претходно тоа го сториле Тревор Ариза, Стеф Кари, Бен Гордон, Шон Вилијамс и Лаф ла Френс.

Интересно е што по мечот на социјалните мрежи се шегуваа со Литванецот – бараа да му биде направен тест на дрога.

Scroll to Top