Top Sport

Иниеста: Со Меси во тимот, Барселона мораше да освои повеќе титули од ЛШ

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста верува дека неговиот поранешен клуб мораше да освои „уште неколку“ титули од Лигата на шампионите со фудбалер како Лионел Меси во клубот и исто така е изненаден што Аргентина досега не успеа да освои Светско првенство.

Меси, кој има рекордни шест трофеи „Златна топка“, има четири титули од Лигата на шампионите, додека со аргентинската репрезентација му недостасува трофеј, со финалето во 2014 како најголем успех.

За Иниеста, кој сега игра во Јапонија, Меси останува најдобриот фудбалер на светот, но додава дека малите детали можат многу да значат во фудбалот.

„Ме изненадува што Аргентина со толку големи фудбалери и со за мене, најдобриот на сите времиња нема титули. Сепак, тоа што се случи во финалето во 2014 против Германија (1:0 пораз) покажува колку мали детали можат да го одлучат фудбалот. Да играа уште еден натпревар, можеби ќе беше поинаку. Исто така е зачудувачки што Барса на тоа ниво со Лео во тимот толку време нема повеќе од четири титули од Лигата на шампионите. Но, тоа е фудбалот. Ривалите се борат за секаква предност“, вели Иниеста во интервју за аргентинскиот „Оле“.

И покрај ова, во Аргентина честопати токму Меси е критикуван дека не направил доволно за репрезентацијата.

„Кога не доаѓаат резултатите, сите бараат некого да обвинат. За мене е многу тешко да се каже дека Лео одиграл лош натпревар бидејќи тоа е речиси невозможно. Исто така не можете да ја споредувате аргентинската репрезентација со Барселона, бидејќи се работи  за различни тимови“, додава Иниеста.

Scroll to Top