Top Sport

Крај на „натегањата“ – Ноер потпиша нов договор до 2023 година

Мануел Ноер и Баерн Минхен, конечно, се договорија и германскиот голман го продолжи договорот со клубот до летото 2023 година.

34-годишниот ветеран има 375 настапи за Баварците по пристигнувањето од Шалке во 2011 година, период во кој освои 18 трофеи, меѓу кои и седум титули од Бундеслигата и Лига на шампиони во 2013 година.

Сепак, неговата иднина на „Алијанц арената“ беше неизвесна откако на Баерн од следната сезона ќе се приклучи младиот голман Александер Нибел (исто така од Шалке). Засега, очигледно тој ќе биде вториот голман зад Ноер.

„Мануел е најдобриот голман на светот и наш капитен“, вели кратко извршниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Scroll to Top