Џек Колинс, Сем Тај и Дин Џонс новинари на „Бличер рипорт“ согласни се дека голема неправда е што во 2010 година Андрес Иниеста не ја добил Златната топка.
Таа година покрај трофеите што ги освои со Барселона стана и Светски првак со Шпанија. Во финалето против Холандја Иниеста го постигна голот за победа. Сепак Златната топка таа година заврши кај Лионел Меси.
„Во 2010 година мораѓе да ја освои нагрдата. Освои се што освои и Меси и плус даде гол во финалето кој на Шпанија и ја донесе титулата“, согласни се новинарите на „Бличер рипорт“.
„Тој не беше најдобар фудбалер само една година, веројатно беше најдобар техничар меѓу фудбалерите пет или шест години. Уживање беше да се гледа на теренот. Креативен фудбалер. Многу работи можете да кажете и за Чави меѓутоа тој немаше големи моменти. Од друга страна Иниеста го постигна голот во финалето на СП, го постигна и оној гол против Челси во полу-финалето во Лигата на шампионите. Во финалето потоа го победија Манчестер Јунајтед, а Руни рече дека Иниеста е најдобар во светот. Мораше да ја освои наградата“.