Top Sport

Ињаки Вилијамс го продолжи рекордот, Брејтвајт во дебито донесе победа за Еспањол

Атлетик Билбао загуби дома со 0:1 од Еспањол благодарение на првиот гол во дресот на клубот од Барселона на Мартин Брејтвајт во меч од 4. коло во Ла лига, во кој неверојатниот „суперхерој“ Ињаки Вилијамс ја продолжи својата рекордна серија на настапи во шпанската елита.

Иако ги повреди лигаментите во својот десен скочен зглоб, Вилијамс го имаше својот 237. последователен старт во меч од Ла лига за клубот од Билбао, продолжувајќи ја серијата која трае веќе шест години. Вилијамс постигна гол во понеделничката 4:0 победа над Кадиз во понеделникот, но беше повлечен во игра во 57. минута со повредата.

Против Еспањол, тој играше до 71. минута, кога резултатот беше 0:0 за Брејтвајт дад го постигне својот гол во 83. минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top