Top Sport

Шеста победа по ред за Струга ТЛ, Шкупи поразен во Штип

Струга Трим Лум ја оствари и шестата победа од стартот на првенството на Македонија и се наоѓа на врвот на табелата со максимални 18 бода. Тимот на Срѓан Захариевски ја освои Струмица откако го совлада тимот на Академија Пандев на гости со 0:3.

Буњамин Шабани го отвори резултатот во 32.минута, а Бесарт Ибраими во 73. минута го постигна вториот гол за гостите. Зија Мерџани во 90.минута го постави конечниот епилог.

Брегалница го победи Шкупи со 2:0. Шампионот остана без Сандеј Адетунџи кој доби црвемн картон во првото полувреме поради ударот со лакот во главата на Хаџановиќ.

Ѓорѓи Ѓорѓиев беше херој на Брегалница откако ги постигна двата гола. Тој даде гол од слободен удар во 77.минута, а потоа и втор погодок во 85.минута.

Шкендија и Македонија ЃП одиграа 1:1. Арби Воша донесе предност за гостите во 54.минута, а возврати Љупчо Дориев во 63.минута.

Скопје ја совлада Победа со 1:0, со голот на Христијан Кировски во 34.минута, а домаќинот во второто полувреме играше и со фудбалер помалку.

Силекс во меч со многу пресврти го победи Тиквеш со 3:2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top