Top Sport

Инсиње во солзи – Наполи остана без шанси за титулата

Легендата на Наполи, Лоренцо Инсиње, тешко го поднесе ремито со Рома 1:1. Овој резултат практично го исфрли Наполи од борбата за шампионската титула.

Наполи имаше предност против Рома од 11.минута со голот на Инсиње, израмни Ел Шарави во 91.минута.

По завршувањето на натпреварот, Инсиње остана долго на теренот, им заблагодари на навивачите на поддршката. Свесен дека нема со нив да ја прослави титулата започна да плаче.

Инсиње целата кариера е во Наполи, член на првиот тим е од 2010 година. Со клубот освои три трофеи, два во Купот (2014, 2020) и еден во Суперкупот (2014).

По завршувањето на сезоната Инсиње ќе се пресели во МЛС лигата, во екипата на Торонто.

Scroll to Top