Лоренцо Инсиње, заедно со неговиот агент Мино Рајола денеска имале состанок со тренерот на Наполи, Карло Анчелоти во обид да ги смират страстите на „Сан Паоло“.
Според „Скај спорт Италија“, состанокот поминал во „опуштена атмосфера“ откако фудбалерот пристигнал во тренинг-центарот заедно со своите деца. Инсиње требаше да се појави на работа утре, така што сите во клубот биле изненадени кога тој заедно со Рајола пристигнал во Кастелволтурно.
Тој имал состанок со Анчелоти и со спортскиот директор на тимот, Кристијано Џунтоли, но претседателот Аурелио ди Лаурентис бил отсутен.
Односите меѓу тренерот и капитенот во последно време беа „затегнати“ и кулминираа кога Инсиње беше пратен на трибините за мечот од Лигата на шампионите против Генк. Анчелоти објасни дека Инсиње „не изгледал остро“ на тренинзите, по што Инсиње изјави дека е нормално да се има конфликти.
Инсиње: Се расправам со Анчелоти, но би го дал животот за овој дрес