Top Sport

Интер без Хандановиќ во „Дерби дела Мадонина“

Капитенот на Интер Самир Хандановиќ го скршил прстот поради што одреден период ќе биде надвор од тимот на Интер. Поради повредата Словенецот не бранеше синоќа против Удинезе.

Клубот, претпладнево, ја потврди дека одреден период капитенот ќе биде на рехабилитација.

„Самир Хандановиќ денес беше на рендген. Се повреди на тренинг. Снимката покажува дека има скршен прст. Секојдневно ќе ја следиме неговата состојба“.

Клубот не наведува колку време ќе паузира Хандановиќ.

До мечот со Удинезе Самир Хандоновиќ на 97 натпревари во низа го бранел голот на Интер.

Повредата на голманот е голем хендикеп за Интер во пресрет на неделното градско дерби против Милан.

Scroll to Top