Top Sport

Ван дер Варт: Жоао Феликс има погрешен тренер

Рафаел ван дер Варт го критикува тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, бидејќи не го користи на вистински начин потенцијалот што го поседува Жоао Феликс. Младиот Португалец во летниот преоден рок се пресели во Атлетико од Бенфика за клупски рекорд од 126 милиони евра.

Феликс нема добра сезона, има постигнанто два гола во Ла Лига и еден во Лигата на шампионите.

„Жоеао Феликс е одличен играч, но се пресели во погрешен клуб. Кога го донесоа мислев дека Симеоне ќе го промени стилот на играта, дека ќе ја прилагоди играта за квалитетите на Португалецот. Тоа не се случи. Јасно мие дека најважни се победите, но кога во тимот имате толку талентиран напаѓач, тогаш мора да најдете компромис, мора да го смените стилот“, рекол Ван дер Варт.

Поранешниот играч на Ајакс, ХСВ и Реал појаснил каде Атлетико грешат.

„Атлетико Мадрид игра сјајно и компактно, но главен фокус им се одбраната и контрите. Тоа на Феликс не му одговара. Го повторувам своето мислење тој е со погрешен тренер“.

Scroll to Top