Top Sport

Ракитиќ: Нема да молчам, не го заслужив ова

Иван Ракитиќ решил јавно да го искаже незадоволството од статусот што го има во Барселона оваа сезона. Хрватскиот репрезентативец неколку сезони беше еден од клучните фудбалери на Барселона, вистински „човек од доверба“ на тренерот Ернесто Валверде, но статусот му се смени минатото лето.

Ракитиќ ја загуби позицијата во моментот кога Френки де Јонг пристигна на „Ноу Камп“. Во зимскиот преоден рок се поврзуваше најчесто со трансфер во Јувентус. Сепак остана во клубот и најавува заминување по завршувањето на сезоната.

По синоќешниот натпревар во Ла Лига против Леванте (2:1) порачал дека клубот не бил фер кон него и кон протераниот тренер Валверде.

„Имаше многу работи што не ми се допаднаа. Нема да молчам, јавно ќе го кажам тоа. Не заслужив некои работи, не заслужив такво однесување…И покрај тоа мислам дека не е фер како се се заврши со Валверде и неговиот стручен штаб“, рекол Ракитиќ.

„Размислував да заминам. Тоа го знаат и луѓето во клубот кои ги носат одлуките. Сега сакам да уживам, било што било, морам да свртам нова страница, да не размислувам премногу на она што се случи. Секогаш сум потенцирал дека ако можам да играм во Барселона, тогаш сум среќен и не одам никаде“.

Шпанските медиуми и покрај ваквата изјава на Рактиќ тврдат дека по завршувањето на сезоната тој сигурно ќе го напушти клубот.

Хрватот оваа сезона има одиграно 1085 минути, не постигнал гол, успеал да забележи три асистенции. Од доаѓањето на новиот тренер Кике Сетиен тој настапил на секој натпревар.

Scroll to Top