Top Sport

Интер безмилосно со „шестка“ за Болоња!

По незгодниот пораз во дербито со Јувентус, Интер се врати на „вистински“ пат, победувајќи ја Болоња со високи 6:1 за да се искачи на четвртото место во Серија А.

Гостите на „Сан Сиро“ неочекувано дојдоа во водство во 22. минута преку Харалампос Ликојанис, но само шест минути подоцна Един Џеко успеа да израмни, пред Федерико Димарко да го постигне првиот од своите два гола во 36. минута, а Лаутаро Мартинез да зголеми на 3:1 во 42. минута.

Во второто полувреме, продолжи „толчењето“ на противникот – Димарко во 48. минута повторно стрелаше, пред Хакан Чалханоглу да постигне гол од пенал во 59. минута, а мизеријата на Болоња ја комплетираше Робин Госенс во 76. минута.

СЕРИЈА А, 14.КОЛО
Фиорентина – Салернитана 2:1
Интер – Болоња 6:1
Торино – Сампдорија 2:0


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top